Министерството за внатрешни работи викендов спроведе засилени акциски контроли на учесниците во сообраќајот во Охрид.
Само за еден час во денешната акциска контрола во Охрид се изречени 60 санкции, пред се за пречекорена брзина, за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и друго. – информира портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата, – додаде Ангеловски.
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Охрид да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
OhridNews