Извршени биле контроли во повеќе угостителски објекти во Охрид и Струга за присуство на малолетни лица после 24 часот и точење алкохол на малолетни лица. Во еден објект евидентирано е присуство на две малолетни лица додека во неколку објекти регистрирани се прекршоци односно непочитување на одредбите на Законот за јавна чистота.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, викендов во соработка со општинскиот инспектор за патен сообраќај, презеде акција за контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Од преземените мерки, кај три возила наменети за јавен превоз на патници, констатирани се прекршоци поради што од страна на општинскиот инспектор се исклучени од сообраќај, соопшти СВР Охрид.