Од локалната самоуправа информираат дека овластените туристички инспектори периодов вршат засилени контроли на приватните станоиздавачи со цел навремено да се откријат и отфрлат неправилностите при работењето.    

На терен  се спроведува контрола на решенијата за категоризација и за вршење дејност од мал обем, а се проверуваат и книгите  во кои уредно треба да се евидентираат ноќевањата на домашните и странски гости.Неправилностите се регулираат на лице место со издавање  платни налози со висина на глоба утврдена согласно законот, потенцираат од локалната самоуправа.

Надлежните служби при Општина Охрид апелираат до станоиздавачите да се придржуваат до пропишаните правила за вршење на оваа туристичка дејност, затоа што  во спротивно секоја  неправилност  без исклучок ќе биде санкционирана.   

OhridNews