Државниот санитарен и здравствен инспекторат деновиве врши засилени контроли на угостителските објекти низ земјава. Основната цел е да се превенираат појавите на труења со храна, како последица на високите температури и неисполнувањето на неопходните и минимални стандарди кои треба да ја осигураат безбедноста на храната која се продава.


Од Дирекцијата за храна и Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека прекршоци се утврдени особено кај помалите угостителски објекти за кои се донесени и решенија за затворање на објектите. Доколку се утврди дека нивното повторно отворање не би значело и висок ризик, решенијата за затворање може да се укинат за два до 10 дена, но условите што се бараат мора да ги исполнат.

Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да соработуваат со инспекциските служби и да го пријават секој сомнителен објект каде што се конзумира храна и да се избегнува  купување од истите.

OhridNews