Ако Владата направи закон што ќе дозволи да казнуваме врз основа на слики и снимки, ние сме тука. Но, нашата надлежност засега е сами да воочиме и затекнеме нарушување на законските прописи, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
Пауновски напомена дека контролите ќе продолжат интензивно и за Нова Година.
Контролите и за новогодишната ноќ ќе продолжат исто како до сега. Инспекторите се на терен седум дена во неделата, а не како порано што кажуваа 24/7, но има инспектори кои и по 12 или 14 часа се на терен. Толку имаме луѓе, сите се ангажирани. Верувам дека и новогодишните празници најголем дел од нив ќе ги поминат на терен. Затоа упатувам апел до сите што мислат да ги нарушуват протоколите, да се воздржат, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани, истакна Пауновски.
OhridNews