На иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески денес се одржа координативна средба со претставници од СВР -Охрид и надлежните служби од локалната самоуправа на која се разгледуваа можностите за непречено регулирање на сообраќајот и надминување на сите неправилности. На средбата се разговараше за определени неправилности меѓу кои и несоодветно паркирање возила на тесните улични грла и проблематичните зони во градов.
Договорена е засилена контрола во насока на почитување на воспоставениот сообраќаен режим и согласно законот спроведување соодветни санкции за оние возила кои сообраќаат во забранетите зони или несовесно ги паркираат возилата на недозволени јавни површини.
OhridNews