Поради ситуацијата во Турција земјите од регионот презедоа безбедносни мерки.
Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Турција ги затворила граничните премини со Бугарија. Претходно, бугарските власти ги зајакнаа патролите на границата со Турција и апелираа до своите граѓани да не патуваат за Турција.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов одржа состанок со безбедносните и разузнавачките агенции.
Во Грција армијата е во состојба на борбена готовност, а српскиот премиер Александар Вучиќ закажа состанок на кој се разгледуваат мерки за заштита на граѓаните
И други држави од поблиското и подалечното опкружување преземаат слични мерки. Грузија и Иран ги затворија границите со Турција.
OhridNews
Извор:„МИА“