Израел ќе изгради заштитна ограда долж границата со Сирија, ова вчера го изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, откако внатрешните судири кај нивниот сосед се уште не се ставени под контрола.
Според Нетанјаху, сириските региони кои се наоѓаат во близина на Израел се под контрола на радикални исламистички групации. Иако политичкиот врв од Тел Авив до сега беше неутрален во врска со режимот во Дамаск, стравувањата се кризата да не се префрли на нивна територија.
Инаку, воениот конфликт во Сирија трае веќе 22-ри месец по ред, а во крвопролевањата до сега загинаа илјадници луѓе.
OhridNews