“Заштити, спречи, вакцинирај” е мотото на “Европската недела за имунизација” која ќе трае од 24-ти април до 01-ви мај 2010-та година. Имунизацијата во Охрид ќе ја спроведува  Одделот за превентива при Здравствен дом Охрид во соработка со Заводот за здравствена заштита и Охридскиот Црвен крст.

Како дел од промоција на вакцинирањето, како ефикасна мерка на заштита и превенција на населението од болести, тие ќе организаираат низа активности,  чии што детали ќе бидат  соопштени на утрешната прес конференција, која ќе се одржи во 12 часот, во просториите на Црвениот Крст во Охрид.

OhridNews