Спречете дрска кражба, чувајте го паричникот, мобилниот и лап топот, заштитете го возилото – се само дел од темите за кои полициските службеници им пренесуваат практични совети на граѓаните низ градските средини и на плажите.
Отсекот за превенција при СВР Охрид, деновиве, во рамките на кампањата „Безбедно лето“, на целото подрачје спроведува повеќе едукативно-превентивни кампањи „Заштити се од кражби“.
Тимови од полициски службеници патролираат низ повеќе делови од градот и преку непосредни контакти со граѓаните ги потсетуваат на основните правила како да ги заштитат своите домови од кражби, што е најкорисно да направат да ги заштитат своите возила од кражби на паркинг простори, но и вредните предмети од кражби на плажи, информираат од МВР.
Воедно, додаваат, на граѓаните им се делат летоци со едукативни содржини со насоки за превенирање на кражби и други имотни деликти.
OhridNews