Р.Е.Водовод-Охрид ги известува своите корисници дека поради ниските температури постои можност за појава на мрзнење на водомерните броила, поради што е потребно да превземат соодветни мерки за заштита на водомерните броила односно да извршат обвивање на водомерот со изолационен материјал(тервол, стиропор) и покривање на шахтата со изолационен покрив.

Исто така се  известуваат сите корисници кои се сопственици на викенд куќи, а не живеат постојано во нив да превземат соодветни мерки за заштита на водомерните броила односно  да ја испуштат водата од главниот шибер за да не замрзне водата со што би се спречило пукање на цевките и слични дефекти.

Ohridnews