Во рамките на програмата „Интеграција на заштитата на животната средина во воспитно  – образовниот процес на Република Македонија“, утре во Охрид започнува обука на директорите од градинките, основнните и средни училишта од земјата.

Обуката ќе ја отвори Љупчо Спасовски, раководител на Секторот за основно и средно образование во Министерството за образование.

Оваа програма ја спроведува Министерството за образование и наука во соработка со Швајцарска агенција за развој и соработка и поддршка од Здружението на граѓани ОХО односно програмата „Немаме резервна планета“. Таа ќе ги опфати сите образовни институции во Република Македонија, почнувајќи од градинките па сè до училиштата за средно образование. Нејзината цел е преку образовниот систем  да допре до децата во однос на бројни теми од животната средина и прашања кои се исклучително актуелни во светски рамки како што се заштеда на енергија, заштеда на вода, здрав живот и слично. 

OhridNews