Македонска делегација ќе земе учество на меѓународната конференција за води и климатски промени – влијанија и планови за адаптација, што во организација на Светска банка утре и задутре ќе се одржи во Тирана  – Албанија.

Делегацијата ќе ја предводи Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски кој ќе земе учество во дискусиите од кои во иднина треба да произлезат национални планови за адаптација на климатските промени.Пановски , ќе претседава на сесијата наменета за идентификување на водните ресурси кои можат да бидат на удар на климатските промени и ќе одржи воведна презентација на панелот посветен на управување на басенот на реката Дрим.


Дејан Паноски

„Во време кога се појасно станува негативното влијание на климатските промени врз капацитетот на водните ресурси потребна  е заедничка активност за нивно правилно управување. Токму затоа на оваа конференцијана агендата на Светска банка ќе го вратиме заедничкиот проект за прекугранично управување со басенот на реката Црн Дрим“, вели Паноски. Тој посочува дека Црн Дрим е басен кој е исклучително чувствителен заради енергетските капацитети кои ги содржи и затоа модернизирањето мора да биде претпазливо и без грешка. Според Паноски овој проблем директно го засега и Охридското Езеро затоа не треба да се чека и импровизира туку треба да се примени донесената легистлатива и да отпочне процесот на конкретна заштита на сливот на Дрим.

ohridnews