Охридското Езеро е главна тема на интерес, кога се разговара за заштита на животната средина во Македонија, вели Дејан Паноски, од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, кој деновиве, како претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање, учествува на состанокот на Работната група за животна средина во Брисел
Тој објаснуава дека во неформалните разговори и на предавањата во Брисел биле презентирани сите превземени активности и проекти за заштита на Охридското Езеро и резултатите од нивната реализација.
-Тука особено стана збор за хармонизацијата на законодавството со Албанија, Уредбата за користење на безфосфатни детергенти како борба против еутрофикацијата, потпишувањето и ратификацијата на заедничкиот Македонско –албанскиот договор за заштита на езерото, првиот заеднички научен Извештај за состојбата на Охридското Езеро, воведениот заеднички Мониторинг врз квалитетот на водите во езерото и уште многу други активности, превземени и на македонска и на албанска страна од крајбрежјето.-објаснува Паноски.
Тој нагласи дека било потенцирано и формирањето на Билатералниот секретријат за заштита на езерото, кој од 2005 година до денес работи во склоп на Министерството за животна средина.
–Беше објаснето дека заедничкиот Акционен План, на сливот кој сега е составен дел на менаџмент планот за охридскиот регион, кој е доставен до УНЕСКО, произлегува токму од активностите на овој секретаријат. Како најголем успех секако беше посочено работењето и иницијативите да се започне со менеџирање Дримскиот басен.-објаснува Паноски.
Тој изрази надеж дека на накој нареден состанок, со слична тематика ќе може да се презентираат уште поголеми и поуспешни резултати, во полето на заштитата на Охридското Езеро.