На 4-от Виенски економски форум што на 5 и 6 ноември оваа година ќе се одржи во Виена, Австрија, ќе стане збор и за заштитата на Охридското Езеро.
На форумот, ќе учествува и државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Дејан Пановски. Тој во сесијата за екологија и одржлив развој во регионот ќе има излагање на тема : Прекуграничната соработка во управувањето со водените ресурси во регионот – искористување или губење на позитивниот моментум.
Во излагањето посебен осврт ќе се даде на високите институционални резултати од спроведувањето на билатералниот Проектот за заштита на Охридското Езеро и Трансграничниот Преспа парк како и на постојната политичка соработка и изразена политичка волја за одржлив развој во регионот притоа изразувајќи ја потребата од инвестиции во развојот на еко-туризмот во регионот, соопшти Министерството за животна средина.
ohridnews