Охрид од денеска ќе биде домаќин на Регионална едукативна работилница насловена „Тимска работа за заедничко управување во кризни ситуации“, што ја организира Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (ICOM), како член на Регионалниот комитет на ICOM за Југоисточна Европа.
На работилницата што ќе се одвива до 1 декември учество ќе земат претставници на музеи, на полицијата, царината и други институции од 36 земји од Југоисточна Европа.
Во рамките на работилницата екипи на Заводот и музеј-Охрид, полицијата, противпожарната служба и претставници на културно-образовни установи од Охрид ќе изведат вежба со која треба да ја демонстрираат подготвеноста за тимско дејствување во кризни ситуации како природни катастрофи, поплави, пожари и слично.
ohridnews