Нивните имиња не се соопштуваат, но дознаваме дека се работи за компании од Хрватска, Србија и од Швајцарија.
Комисијата донела одлука професионална фирма да го спроведува вадењето на потонатиот борд, поради стравувања дека нестручно извлекување би можело да доведе до оштетувања кои можат да ја попречат истрагата.
Изборот на најдобрата понуда ќе го направи истражниот судија по препорака на Комисијата која најпрвин ќе ги разгледа добиените понуди.