Тој изрази оптимизам дека заразата ќе престане да се шири, но нагласи дека Министерство ќе ги преземе сите мерки, согласно препораките на Светската здравствена организација и Министерството за здравство, со цел да се спречи дополнително ширење на грипот.
– Одлуката за евентуално затворање училишта за настава ја носи Министерството за образование, со препорака на Министерството за здравство, а на барање на општините во чија надлежност се училиштата, појасни министерот за образование
Тодоров информираше дека се’ уште е на сила препораката за неорганизирање училишни екскуризии и таа ќе остане се додека постои закана од епидемија.