Вечерва состанок одржа Штабот за заштита и спасување при Општина Охрид во проширен состав согласно кризната состојба настаната од пожарите кои се активни на територија на Општина Охрид.

На состанокот со кој раководеше градоначалникот Кирил Пецаков била разгледана состојбата со активните пожари која се оценува како загрижувачка.

Во текот на денешниот ден интервенирено е од страна на Територијалната против пожарна единица од Охрид, Национални шуми, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување како и волонтери кои се пријавиле да помогнат со гасењето на пожарите. Исто така денес на помош дејствуваја и три Ер трактори кои неколку часа истураа вода над пожарите. За утрешниот ден дополнително на помош се вклучуваат и општинските јавни препријатија со луѓе, механизација и логистика, кои заедно со сите останати институции во организирана акција ќе се пристапи кон справување со пожарите. И за утрешниот ден согласно потребите се ставени на располагање авионите за гасење пожар, истакна градоначалникот Пецаков.

Градоначалникот упати апел до сите оние кои се чувствуваат подготвени да помогнат во справувањето со огнената стихија утре изутрина во 4:30 часот соодветно опремени да бидат во кругот на Територијалната против пожарна едница – Охрид , каде задено со претставниците на институции координирано ќе се упатат кон критичните точки за гасење на пожарите.

Г.М.