ЈП „Охридски Комуналец” на симболичен начин го одбележа денот на пролетта, а воедно и меѓународниот ден на шумите, со садење на садници на пешачката патека од Студенчишта до Горица.

Како што информираат од претпријатието биле донирани цвеќиња во градинките со цел идните генерации од најмали нозе да стекнат еко-навики и да се запознаат со значењето на природата, чистата животна околина и екологијата.

Како јавно претпријатие задолжено за јавното зеленило на територијата на Општина Охрид, активно се залагаме во освојување на зелени површини, засадување и одржување на растенија и се надеваме дека засадените млади садници и цвеќиња ќе донесат радост и уживање за сите, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

OhridNews