Германската сообраќајна полиција морала да интервенира со две возила за да и помогне на една жена која со автомобилот направила повеќе од 50 кругови околу еден кружен тек, бидејќи не знаела како да излезе од него.
Биле потребни два полициски автомобили да ја упатат нервозната жена до излезот откако неколку возачи јавиле дека некоја госпоѓа непрекинато кружи. Андреа Цимер (62) изјавила дека не била заробена во кружниот тек, туку само сакала да го испроба новиот автомобил и да види како реагира во кривини.
Полицијата ја советувала во иднина да користи полигони специјално наменети за проба на новите возила.