Еден американски полицаец останал неколку часа заробен во својот автомобил опколен со рој побегнати пчели. Тој бил заменик шериф во Северна Каролина, а запрел со автомобилот за да му помогне на возачот на еден камион кој се расипал. Во камионот имало 60 кошници со пчели од кои едната се скршила.


Пчелите тргнале кон полицаецот, кој спас побарал во својот автомобил, кој набрзо бил преплавен од пчели. Дури по неколку часа полицијата со помош на локалните пчелари успеале да го извлечат колегата од несекојдневната ситуација. Иако пчелите не биле агресивни, полицаецот убил неколку од нив, како што рекол во чиста самоодбрана.