Охриѓанката Александра Заричин е избрана за најдобар универзитетски споротист на факултетот во Болоња, Италија. Заричин која од мали нозе е со едрењето своите први чекори ги направи во охридскиот едриличараски клуб, а како дел од македонската репрезезентација има учествувано на голем број меѓународни регати, на кои освоила бројни медаљи.
По запишувањето на факултетот во Болоња, таа продлжи интензивно да се занимава со едрењето, а како дел од универзитетскиот тим учествувала на Европското првенство во Франција, а со првото место се закити на Националната Универзијада одржана во Сицилија.
–
На крајот од секоја година се одбира универзитетски спортист во Болоња. Меѓу големиот број на студенти од разни спортови бев избрана како најдобар универзитетски спортист. Посебна чест за мене беше тоа што бев преставена како спортист од Република Македонија, и во моја чест беше одсвирен рефрен од една македонска песна – вели за ohridnews, Александра Заричин.
Престижната награда за Александра ќе биде мотив повеќе да продолжи да постигнува одлични резултати во едрењето.
Редакцијата на Ohridnews и ја честита наградата со желба за остварување на уште поголеми успеси и што подобро прeставување на Охрид и Македонија, ширум светот.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com