Во рамките на подготовките на Охрид за претстојниот Самит на престедатели, од утре, 18. Април до наредниот петок, 25. Април, улицата „Коста Абраш“ во стариот дел на градот ќе биде затворена за сообраќај поради изведување градежни работи.
Ќе се врши санирање и фугирање на камената коцка и подигање на шахтите на ниво на коловозот. Поради сложеноста на овие работи и потребата од нивно непречено и континуирано одвивање, како и заради поголема безбедност при рушењето на објектот на некогашната Библиотека , улицата „Коста Абраш“ во периодот од 18. до 25. Април ќе биде целосно затворена за сообраќај, соопшти одделението за односи со јавност при локалната самоуправа.
Локалната самоуправа апелира до граѓаните кои живеат на оваа улица да покажат разбирање за потребата од изведување на овие работи.
ohridnews