Водоинсталатерот Џон Петигри земал премногу од сините таблети и како што изгледа, живее во „син филм“. Несреќниот 58-годишник поради предозирање со вијагра веќе две недели се гледа во сина боја.
Откако „љубовните пилули“ му го оштетиле видот, Џон не може да престане да гледа се во сино.
„Признавам дека го игнорирав упатството на кутијата, бидејќи одлично се забавував, но сега би го менувал целиот секс на светов, да можам пак да го видам своето црвено поштенско сандаче“ рекол Џон кој е разведен и татко на две возрасни деца.
За вијагра се решил откако година дена поминал без секс, а потоа сфатил дека ерекцијата не му е како порано. Докторот му препишал вијагра, а Џон дополнителна доза порачал преку интернет.
се предозирал со вијагра
„Немав никакви непожелни ефекти, па не гледав ништо лошо во зголемување на дозата. Но сега веќе две недели се гледам во сино и тоа ме излудува. За среќа, ако ништо друго, барем навивам за Челзи“ се пошегувал на своја сметка Џон.
Џон сега мора да помине низ медицински тестови за да се утврди дали оштетувањето на видот е трајно или привремено.
Од фирмата Фајзер, инаку производител на вијагра, потврдиле дека некои корисници можат да имаат зголемување на сината боја во видното поле, и повторно предупредиле дека корисниците треба да се придржуваат до препорачаната доза.
ohridnews