СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Б.(27) од Охрид за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотична дрога“.

Во ноември 2008 година, во Охрид, при извршен преглед над пријавениот и претрес во неговиот дом, се пронајдени и одземени 1,5 грама наркотична дрога-марихуана, што ја продавал на повеќе лица во Охрид за одреден паричен надомест.

извор:МВР