Американецот Глен Бергер направи вистинско богатство собирајќи топчиња за голф. Бидејќи бил без работа, Бергер пред 14 години дошол на генијална идеја која му овозможи да стане милионер. Почнал да ги собира топчињата за голф кои играчите ги фрлале во езерцето недалеку од неговата куќа на Флорида. Подоцна својата активност ја прошири на целата територија на оваа американска држава.

 

Според сопствените проценки, годишно собира помеѓу 1,3 и 1,7 милиони топчиња, или околу 4000 дневно. Откако ќе ги исчисти, Бергер своите топчиња ги продава по еден долар за топче. На овој начин од 2001 година успеал да собере 15 милиони долари, а не треба да се занемари и еколошкиот аспект на неговата работа. Раскажал дека пронаоѓал парчиња мебел, колички за голф, косилки за трева, но се сретнал и со голем број алигатори.