Некогаш една од најгламурозните актерки во Холивуд, Шерон Стоун, потполно се запуштила и се прошетала низ Беверли Хилс во обични гумени чизми.

Иако се потрудила маицата и чизмите да бидат барем иста боја, тешко е да се навикнеш на нејзиниот нов, фармерски изглед.

Шерон Стоун во последно време често запаѓа во неволји.

Неодамна избил скандал кога се дознало дека на синот сакала да му вбризга ботокс во стапалата за нозете да не му мирисаат неубаво.

Исто така ја изгубила парницата во која се обидела од судот да ја добие пресудата да го пресели синот од Сан Франциско во Лос Анџелес.