Состојбата со Охридското Езеро не е критична и не постои причина за загриженост, смета вицепремиерот Зоран Ставрески, кој вчера престојуваше во Охрид.
Тој информираше дека е завршен процесот на испуштање поголеми количини вода од Охридското Езеро за да и се помогне на Албанија да ја надмине енергетската криза.
Министрите тврдат дека состојбата со Охридското Езеро не е критична!?
Причини за згриженост не постојат и според министерот за земјделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеноски. „Нивото на Охридското езеро не е под критичниот минимум, а доколку се влоши состојбата, ќе биде запрено испуштањето на водата од езерото во реката Црн Дрим“, изјави при вчерашната посета на Охрид, Спасеноски.
ohridnews