Една француска активистка успеала на спектакуларен начин да запре воз кој носел уран, а возел на релација од Германија во Франција. 27-годишната Сесил Лекомте висела од надвозник над пругата во близина на германскиот град Мунстер, и така ја застанала композицијата од 25 вагони која го носела опасниот товар.
Подоцна полицијата морала да ја симнува од надвозникот и да ја уапси. Ова е трето успешно запирање на воз кое го извела оваа активистка.