Бритни Спирс во Лас Вегас ќе одржи шоу со наслов ‘Britney – Piece of Me’, а во продажба ќе се најдат пет посебни пакети, кои вклучуваат запознавање со музичката ѕвезда. Цената на тие пакети изнесува 2500 долари, додека цените на редовните влезници се движат од 80 до 400 долари.

Некои фанови преку друштвените мрежи откриле дека веќе почнале да собираат пари или пак планираат да ја потрошат сета заштеда кја ја имаат како би се запознале со пејачката. Еден од бројните коментари на нејзиниот официјален фејсбук профил гласи: „Собирам донации само за да ја запознам Бритни“.