На сите им е позната убавината на Лив Тајлер, ќерката на пејачот на „Аеросмит“ Стивен Тајлер, но јавноста неодамна дознала и за неговата најмлада ќерка Челзи, пред која се наоѓа сјајна кариера во светот на модата. Полните усни, ѓаволскиот поглед и долгата смеѓа коса се заштитен знак на семејството Тајлер, бидејќи со нив можат да се пофалат таткото Стивен и неговите ќерки Лив и Челзи.
Челзи, која има 22 години, на почетокот на својата кариера па се досега избегнувала нејзиното име да се поврзува со славниот татко, открила за списанието “Page Six”, за кое се фотографирала во неколку заводливи пози. Исто така открила дека претходно луѓето често и зборувале дека потсетува на Стивен Тајлер.