Денеска е Светскиот ден на борба против дејабетес (World Duabetes Day). Тоа претставува светска кампања, со цел да се привлече вниманието на проблемот со дијабетот во светот.

Иницијативата за негово одбележување ја покрена Меѓународнатра федерација за дијабет (International Diabetesrederation – IDF) и Светската здравствена организација (WHO) 1991 година како одговор на глобалната епидемија на дијабет.

Како датум на кој се одбележува овој ден е одбран 14 ноември, роденденот на Фредерик Бантинг чиј труд заедно со Чарлс Бест доведе до откивање на инсулинот во октомври 1921 година. На Генералното собрание на Обединетите нации одржано на 20 декември 2006 година е усвоена Резолуцијата за дијабет, а Светскиот ден на борба против дијабет сната значаен ден на борба против дијабетот на ОН.

Во периодот од 2009 до 2013 година кампањата ќе биде посветена на подигање на свеста за значењето на превенција од дијабетот, влијанието на дијабетот на животот на заболените и значењето на мерките неопходни за контрола на болеста.

Слоганот на годинешната кампања е: Запознајте го дијабетот и преземете ја контролата“. Логото на на Светскиот ден на борба на дијабетот е син круг кој го симболизира животот и здравјето. Сината боја е бојата на знамето на Обединетите нации и ги претсавува сите земји обединети во борбата против пандемија на дијабетот.  

Инфо за болестa

Што е дијабетис?
Дијабетис се развива кога организмот не може правилно да одговори на гликозата. Како резултат на тоа, луѓето со дијабетис може да имаат абнормално високи нивоа на гликоза во крвта, ако состојбата не се контролира.

Типови дијабетис
Постојат два типа дијабетис: тип 1 и тип 2. Типот 1 со поголема веројатност може да се појави кај помлади луѓе, обично до 40-тата, иако може да се развие на било која возраст. Овој тип се развива кога се уништуваат ќелиите во панкреасот кои произведуваат инсулин. Инсулинот е хормон којшто ги регулира нивоата на гликоза во крвта. Овој тип дијабетис е поретка појава, афектира од 5% до 15% од дијабетичарите. Се третира со инсулински инјекции и здрава прехрана.

Дијабетисот од типот 2 обично се дијагностицира кај постари луѓе – колку сте постари, ризикот е поголем. Меѓутоа, може да се јави и кај помлади луѓе, а понекогаш и кај деца. Овој тип дијабетис може да се третира со прехрана и со вежбање, иако често пати се потребни и лекарства, а понекогаш и инсулин.

Колкав е ризикот да заболите од дијабетис?
Не може со сигурност да се каже кои луѓе заболуваат од дијабетис од тип 1, но голема е веројатноста луѓето кои имаат близок роднина со дијабетис, да развијат дијабетис.
Со голема веројатност може да заболите од дијабетис тип 2 ако:
•    имате роднина со дијабетис (родител, брат или сестра);
•    имате прекумерна тежина;
•    имате повеќе од 40 години;
•    сте имале дијабетис за време на бременоста;

Дали дијабетисот може да се спречи?
Не постои сигурен начин како да се спречи дијабетис. Меѓутоа, здравата и балансирана исхрана, регуларната физичка активност и намалувањето на тежината ако сте претешки, може да да ја задоцни појавата на оваа состојба.

Дијабетски производи
Диетичарите обично не препорачуваат специјални производи за дијабетичари. Храната којашто обично се нарекува “дијабетска” не е неопходно поздрава или посоодветна за дијабетичарите, а вообичаено е поскапа.
Многу од производите кои се нарекуваат “дијабетски” се колачи, чоколада и бисквити. А, општа препорака е да се избегнува ваквата храна.

Каква храна треба да јадат дијабетичарите?
Луѓето со дијабетис треба да ја одржуваат телесната тежина здрава и да консумираат храна:
•    сиромашна со масти (посебно заситени масти);
•    со малку шеќер;
•    со малку сол;
•    богата со овошје и зеленчук (најмалку 5 порции дневно);
•    богата со сложени јаглехидрати (скробна храна – житарки, пожелно од цели зрна);

Генерално, нема храна која луѓето со дијабетис не треба да ја јадат. И нема потреба целосно да се исфрли шеќерот од исхраната. Но, како и секој, дијабетичарите треба да јадат мали порции храна богата со шеќер и масти. Колачи и бисквити треба да јадат оскудно, како дел од балансираната исхрана.

Ohridnews