Во среда, 3-ти септември, од 20.30 часот, во спортската сала на О.У. „Григор Прличев“, ќе започне упис на нови членови во ракометната школа на суперлигашот Р.К. Охрид.

Во ракометната школа може да членуваат сите заинтересирани од 6 – 10 години.

Школата работи со професионални тренери и соодветна програма.

Покрај учењето на основите на ракометот, кој е најпопуларен иу најуспешен екипен спорт во земјава, соодветните категории се натпреваруваат во младинските лиги организирани од РФМ и турнири, со што танелнираните ракометари стекнуваат неопходно искуство, а посебен мотив за нив претставува и редовното организирано следење на натпреварите на Р.К. Охрид, кој игра во елитната Супер лига.

OhridNews