Од среда 12-ти август 2015 со почеток во 8 часот на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид започнува првиот уписен рок за нови студенти на ФТУ.
Оваа година на Факултетот за туризам и угостителство му е доделена вкупна квота од 385 нови студенти.
Заинтересираните имаат можност да се запишат на една од шесте студиски програми на факултетот и тоа: Туризам, Гастрономија исхрана и диететика, Хотелско ресторански менаџмент, Осигурување, Царина и шпедиција, како и на новата студиска програма Менаџмент во услужен сектор.
Подетални информации за уписите заинтересираните може да се добијат на веб страната на факултетот.
OhridNews