На Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје има вкупно 12.143 места, на државниот универзитет во Тетово – 2890, на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип – 3991, на Битолскиот универзитет – 2290, додека на Охридскиот универзитет за информатички технологии има 300 слободни места.
Уписите денеска започнуваат и на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, кој веќе четири децении важи за еден од најценетите високо-образовни центри од областа на туризмот не само во земјава туку и во регионот. Годинава на ФТУ – Охрид заедно со дисперзираните студии во Велес има 485 слободни места, од што 212 за редовни студенти, 222 за редовни студенти со кофинснсирање (100-400 евра), и 51 место за вонредни студенти. Идните студенти на ФТУ – Охрид, ќе може да избираат помеѓу пет насоки: Туризам, Царина и шпедиција, Осигурување, Хотелско ресторанска насока и Гастрономија, исхрана и диететика.
Прелиминарните резултати од првиот уписен рок ќе бидат објавени на 23 август. Вториот уписен рок е на 2 и 3-ти септември, а евентуалниот трет уписен рок на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи на 16-ти септември.
Факултетот за туризам и угостителство од Охрид целосно ја има имплементирано Болоњската декларација. Студирањето е според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) со меѓународна мобилност во наставниот процес, а завршените студенти добиваат диплома со академски степен (Bachelor). ФТУ Охрид нуди студирање на рати, како и стипендии за најдобрите студенти.