Свеченостите по повод одбележувањето на 110 години од херојската смрт на Христо Узунов, што ги организираат oпштина Охрид и институциите што го носат неговото име, ќе започнат денеска во 12 часот во неговата Спомен куќа.
Во 13 часот, на малиот плоштад кај поранешната градска библиотека, ќе се одржи манифестацијата „Акорди и стихови за Христо Узунов“. Во 18 часот и 30 минути во Центарот за култура „ Григор Прличев“ ќе се одржи изложба на ликовни творби од ученици од ОУ„ Христо Узунов“, а во 19 часот ќе има Свечена приредба на училиштето по повод нивниот патронен празник.
Во петок на 24 април во 9 часот ќе биде положено свежо цвеќе на споменикот на Узунов во градскиот парк , а во 11 часот ќе се одржи поклонение за војводата на местото на неговата херојска погибија во селото Цер- Кичевско.
OhridNews