Промоцијата ќе се одржи во 11 часот во големата сала на општина Охрид. Во истата сала еден час подоцна ќе биде промовирана монографијата „20 години Поетска ноќ во Велестово“.
Според официјалната најава во 17 часот ОУ „Св. Климент Охридски“ со свеченост што ќе се одржи во училиштето, ќе го одбележи патрониот празник. Денешните свечености ќе бидат заокружени со изложба на уметнички дела од роднокрајни автори, што ќе се одржи во 18.30 часот во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
Како што соопшти локалната самоуправа, поради новиот грип од типот А (Х1Н1), нема да се одржи свечената академија на ОСУ „Св.Климент Охридски“.