Во рамките на одбележувањето на 11 Октомври-Денот на востанието на македонскиот народ , денеска во Изложбениот салон на Центарот за култура Григор Прличев ќе биде отворена изложба на дела македонски сликари од колекцијата на центарот за култура.
Изложбата започнува во 19 ч и е дел од свеченостите со кои ќе биде одбележан празникот 11 Октомври во Охрид.
Празникот во четврток со заедничка свеченост во големата сала на општина Охрид пригодно ќе го одбележат Сојузот на борците од НОВ и локалната самоуправава, а свеченост ќе се одржи и во с. Слатино.
Ohridnews