75 странски поети од 50 земји од сите континенти ќе земат учество на годинешните „Струшки вечери на поезијата“. Светски познатата поетска манифестација вечерва ќе биде отворена со традиционалната изведба на „Т’га за југ“, по што следи настап на пијанистот Симон Трпчески.

Лауреат на годинешните „Струшки вечери“ е словенечкиот поет Томас Шаламун, кој денеска ќе засади дрвце во паркот на поезијата, по што ќе има средба со новинарите.

Покрај традиционалните содржини, како „Меридијани“, претставување на добитниците на наградите: „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“, ноќите без интерпункција, промоции и чествувања, ќе бидат одбележани и 25 години на издавачката куќа „Поинт“, специјализирана за меѓународни изданија, ќе се одржи изложба на керамика на македонски и словенечки автори во чест на годинешниот лауреат, а ќе биде одбележана и стогодишнината од раѓањето поетот Никола Јонков Вапцаров.

Ohridnews