Тестот по македонски јазик и литература ќе го полагаат 13.123 кандидати, албански јазик и литература 4.964, а 539 матуранти ќе полагаат турски јазик и литература.
Вториот екстерен предмет матурантите ќе го полагаат в понеделник, 14 јуни, од 9 часот. Тој е изборен и учениците од средните стручни училишта и гимназиите избираат меѓу странски јазик и математика, а од средните уметнички училишта, меѓу странски јазик и естетика или филозофија.