Со мечевите Шкендија – Зајаз (11:00 часот) и Јавор – Пелистер (14:00ч) на „Атина Бојаџи“ започнуваат подготвителните натпревари во Охрид.
Тетовска Шкендија веќе една недела е во Охрид додека српскиот Јавор пред неколку денови пристигна тука. Пелистер засега само натпревари ќе игра во Охрид, а во средината на февруари може и ќе се преселат под Самоиловите тврдини.
Фервруари е резервиран за пријателски натпревари на „Атина Бојаџи“, а вистинска штета што Охрид нема фудбалски клуб, кој ќе ја зголеми конкуренцијата.
Мх.П.