Дел од граѓаните веќе се обезбедиле со дрва за греење, а останатите чекаат деновиве да им бидат испорачани.


Се поголем број охриѓани се одлучуваат преку зима да се греат со дрва затоа што сметаат дека тоа е најевтиниот и најефикасен начин за затоплување на нивните домови.


Од Шумското стопанство Галичица информираат дека дрва за огрев има доволно и тие секојдневно се испорачуваат до домовите на купувачите. Цената за еден кубик дрва е непроменета во однос на минатата година. Еден кубик бука чини 2. 370, 62 денари, додека кубик даб се продава по цена од 2. 453, 22 денари.

OhridNews