Започнуваат подготовките за годинешната Бадникова поворка. Со пеење на песната „Вечниот бог“ и носење на пештерата која го симболизира Христовото раѓање, Бадниковата поворка ќе се одржи на 06.01.2024 година.

Како и секоја така и оваа година, очекуваме голема заинтересираност. Подготовките ќе се одржуваат секоја сабота, и тоа од 09.12.2023 година, во спортската сала на ООУ Христо Узунов. За сите деца учесници предвидени се пригодни подароци, информира координаторот на настанот, Летка Филипова.

Поворката на која секоја година учествуваат неколку стотини дечиња, традиционално, се одржува со дефиле низ улиците на градот и пристигнување на плоштадот „Св.Климент Охридски“, каде ќе биде поставена Божиќна пештера која го наговестува денот на Христовото раѓање.

OhridNews