Започнуваат подготовките за Бадниковите поворки 2025. Оваа година, обединети под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце“ организаторите го најавуваат најсветлото празнично доживување, кое преку ангелското пеење на децата, ќе ги стоплат срцата на сите.

Во Охрид пробите ќе се одржуваат секоја сабота, почнувајќи од 14 декември во 12 часот во спортската сала на ООУ „Христо Узунов“.

Бадниковите поворки и оваа 2025 година ќе внесат весела празнична атмосфера во домовите на сите православни христијани, ширум земјава и странство. Затоа, ајде сите заедно да ја пренесеме божикната радост во секој град, секое населено место, во секој дом и да го почувствуваме благословот на Христовото Раѓање, велат од Здружението „Бадникови поворки“.

Поворката на која секоја година учествуваат неколку стотини дечиња, традиционално, се одржува со дефиле низ улиците на градот и пристигнување на плоштадот „Св.Климент Охридски“, каде ќе биде поставена Божиќна пештера која го наговестува денот на Христовото раѓање.

Н.С.Ј.