Во рамки на своите активности во делот на Подготвеност и дејствување при катастрофи, Црвен крст Охрид својата пет годишна плодна соработка со Операција Флоријан, од Манчестер Англија, ја продолжува и  оваа година со организирање на обуки за укажување на прва помош и обука за спасување и извлекување на давеници на брзи води.

Обуките ќе ги водат реномирани  инструктори за прва помош и безбедност на вода на Операција Флориан и Црвен крст Охрид, а ќе бидат наменети за припадниците на Граничната полиција, членовите на Противпожарните бригади од Охрид и Струга, припадници на Американскиот мировен корпус во Македонија и за членовите на Единицата за безбедност на вода од Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид.

Обуките почнуваат денес, 10- ти јули и ќе траат до 14 јули. Во рамки на обуките, предвидени се и неколку показни вежби на симулација на укажување на прва помош на јавни места.

OhridNews