Подобрите репрезентации од осминафиналните натпревари меѓу Србија и Хрватска, односно Шпанија и Грција, ќе ја комплетираат првата четвртфинална двојка на Мундијалот.

Во првиот натпревар денеска од 17 часот Србија  е фаворит во дуелот со Хрватска. Вториот дуел е закажан за 20 часот, а во него ќе играат учесниците во полуфиналето на минатогодишното Европско првенство во Полска, селекциите на Шпанија и Грција.
 

Според пласманот по групи во другите осминафинални натпревари ќе играат:
На 5 септември (недела): Словенија – Австралија и Турција – Франција.
На 6 септември (понеделник): САД – Ангола и Русија – Нов Зеланд.
На 7 септември (вторник): Литванија – Кина и Аргентина – Бразил.