По 27-ми пат во Охрид ќе се одржат „Староградски средби“. Манифестацијата е во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“, a финансиски е поддржана од Министерството за култура. Таа ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции. 

Според најавите фестивалот ќе зпочне во 19 часот со дефиле на ансамблите низ старата чаршија и настап на Градскиoт плоштад и Стар чинар, а свечено ќе биде отворен во 20 часот во Центарот за култура.

Годинава на фестивалот ќе настапат 14 музички групи од повеќе градови од земјава: градскиот хор НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, Македониум – Младински хор – Крушево, пеачка група Сирма Војвода – Битола, КУД Далги пеачка група З.П. Охрид и Дебрца, Дом на култура „Лазар Софијанов“- Кратово, КУД Пензионери З.П. – Прилеп, Староградски ансамбл – Лубе Кумбароски – Струга, Распеани Гевгеличани – Гевгелија, Пеачка група Весела Тајфа – Богданци, Охридски Мерак – Охрид, Вис орнаменти – НУ Центар за култура – Штип, Распеани Струмичани – НУЦК Струмица, НУЦК „ Марко Цепенков“ Октет – Прилеп, Чалгиска музика за мерак – Ацо Тасески.

Охридските староградски средби ќе се одржат во големата сала на Центарот за култура.

Влезот е слободен.

OhridNews