Вечерва, со англиската пресметка Тотенхем – Манчестер Сити и со дуелот Ливерпул – Порто ќе започне четвртфиналната фазата во Лигата на Шампиони. Мечевите се играат во 21 часот.
Фудбалерите на Тотенхем на новиот стадион ќе го пречекаат актуелниот прва во Премиер лигата и еден од фаворитите за титулата во Лигата на Шампиони, Манчестер Сити. „Петлите“ ја играат најдобрата сезона, а сигурно атмосферата ќе кулминира на вечерашниот дуел со „граѓаните“. Избраниците на Пеп Гвардиола имаат задача да оддолеат на френетичната атмосфера на стадионот и да ја наметнат својата препознатлива игра. Менаџерите немаат проблеми со жолти картони, а ситни повреди имаат неколку фудбалери.
Екипата на Порто беше пропратна станица на Ливерпул за пласман во финалето минатата сезона. „Црвените“ тогаш глатко го поминаа Порто, но португалскиот состав има извлечени поуки од минатогодишната елиминација и се надева дека нема да ги повтори. Ливерпул првиот меч го игра на домашен терен и се освен победа ќе биде неуспех за пулените на Јирген Клоп. Германецот не може да смета на Енди Робертсон поради картони, а кај Порто ќе паузираат Хектор Ерера и Пепе.
Двојки
Ливерпул – Порто
Тотенхем – Манчестер Сити
OhridNews