Со поместување на стрелката на часовниците за еден час наназад денеска започнува зимското сметање на времето. Во 03:00 (три часот наутро) часовниците се поместуваат на 02:00 (два часот наутро). Од денеска еден час порано ќе се разденува, но и порано ќе се стемнува.
Инаку, воведувањето на летното сметање на времето бил долг процес. На 21 мај 1916 година Велика Британија, следејќи го примерот од Германија, по прв пат го воведува летното сметање на времето. Отпрвин договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на 4 последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерието, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но сето тоа да не биде многу драстично.
Во Европа, во 1996 година постигнат е договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од месец март, точно во 01:00 часот наутро според универзално време, односно во 02:00 часот според средноевропско време. Зимското сметање на времето во Европа трае до 28 март 2010 година.
Траорна атмосфера денеска владее во целата државата поради големата трагедија што се случи во Кочани каде во пожар животот го загубија 59 млади лица Тажна е атмосферата и во Охрид чии жители сочувс...
Светските и балканските медиуми пренесуваат вести со фотографии и видеа од синоќешната трагедија во Кочани Од indexhr и blicrs, па се до CNN, BBC и Al Jazeera „Незамислива загуба“, пишува Al Jazee...
Градоначалникот Кирил Пецаков изрази сочувство до семејствата на настраданите во големата трагедија во Кочани Не постојат соодветни зборови со кои може да се опише тагата и болката што ја чувствува...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.